рака (имн.) - остане (гл.)

Големиот Мајстор го дочита писмото до крај, потоа, сеуште држејќи го писмото во рака остана уште долго замислен во својата фотелја додека во собата бавно надоаѓаше ноќта.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Добра вечер, му вели на Јосифа, а потоа свртувајќи се спрема Максима, кој ја затвори вратата и со пиштолот в раце остана да стои зад него, вели Некој дојде во Потковицата, по Градишки Пат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тандаре-мандаре, ајце, дојдете вие селаните под пушка, гинете, нека ве јадат вошките, дајте сѐ што имате, а вие, пролетерите, де, кои си имате само по две раце останете си дома, по кафеаните во градиштата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Неговата рака остана на нејзиното лице додека тој го продолжи и го прошири бакнежот од нејзините усни во нејзината уста.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но раката остана бесчувствена.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)