рака (имн.) - може (гл.)

Ако ја погледнеш одоздола, добиваш претстава дека со раце можеш да ја прегрнеш, но штом во неа ќе влезеш, ти се чини дека си во некоја голема , тркалезна хала.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Малото дете врескаше од страв и ја криеше главата во нејзините гради како да се обидуваше да се закопа во неа, а жената ги ставила своите раце околу него и го смируваше иако и самата беше модра од страв, за сето време покривајќи го колку што е можно повеќе како да мислеше дека нејзините раце можат да ги одбијат куршумите од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И сѐ додека раката може да ја држи мистријата и окото да мери со пљумчето и додека животот се реди од сурови, неправедни и алчни луѓе - мајсторите нема лесно никого да пуштат да застане до нив на скелето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На средината како бајрак стрчеше стариот ѓерам, од кој речиси и со рака можеше да се црпне вода.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А Сатурн со рака можам да го докачам.“ Последната светилка остана зад нив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со долгите раце можел да биде и крадец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Арсо Арнаутче ѝ ја зел секирата од раце и со бес на елен кога со рогови распостила пат низ гранки кон љубовна игра, удирал околу себе со невидена жестокост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секирата во неговите раце можела и планина да располови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едниот од придојдениците со белег на замисленото лице, најверојатно детски спомен од рог на туѓо говедо и со сенка на возбуда во светлите очи, онакви какви што можат да ги имаат и децата и мачките, се викал Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се закануваше дека само со палецот на раката можеше да ја збрише Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А со парите во вашите раце можат да се случуваат разни нешта, и убави и грди.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Но парите во ваши раце можат да ве изменат и да ве „расипат“, што се вели.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Шета околу мене. И со рацете можам да ја допрам!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)