размислување (имн.) - на (предл.)

147. Кралот и царот на средновековна Србија Стефан Душан (1308-1355) мошне често е предмет на размислувањата на Мисирков, при што особено се нагласува посебниот однос на царов спрема Волкашина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тука се потпираме врз размислувањата на при крајот на 1991 год. трагично починатиот теоретичар на телематичното дружење Vilem Flusser, којшто во својата расправа Дигитален изглед запишал: „Авантурата на очовечувањето, со нас, стапува во нов период.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Покрај поставувањето прашања за одделни реакции на терапевтот, членовите на тимот можат да бидат повикани да разговараат за размислувањата на терапевтот околу актуелниот процес на терапијата во текот на разговорот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Добравечер, господине. Душка го прекина занесеното размислување на Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Жари се појавува во огромниот дел од текстовите за Дишан, во кои одвреме-навреме критичарите изнаоѓаат паралели во размислувањата на овие двајца автори.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Можеби еден од главните приговори кон оваа книга би бил дека многу нешта загатнува а дека сосема малку од нив успева да ги објасни.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но можеби намерите на авторот не се да даде објаснување на сѐ, и со тоа да му го заштеди размислувањето на читателот, туку попрво како оние на Витгенштајн, да го поттикне неговото размислување за овие проблеми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Размислувавањата на македонските дејци за приопштувањето на творештвото на Христов беа едногласни.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Слушајќи ги ваквите размислувања на тетка Боса не можев да се ослободам од впечатокот дека таа се трудеше да нѐ увери дека постапките на смртта повеќе се потпираат на стрпливоста при изведувањето на тие постапки а помалку на случајноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Е тука според интимното размислување на секретарот, се зачнала грешката која повеќе никој не можел да ја исправи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)