Овие размислувања го одведоа до оние димензии на искуството, кои му претходат на јазичното одделување на субјектот од објектот, на умот од телото.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во минути на смирување, кога спокојното размислување го потиснуваше трагичното чувство на безизлезност, Арсо се враќаше кон напрежните свои убедувања дека вистинската смисла на човечкото живеење е во непрекинливата акција, во непреодливата волја на човекот да дејствува.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тој благонаклонето цитира една забелешка што Џон Клам ја изнесува на почетокот од својата книга за музичкиот театар и машката геј-култура – „Според мене, суштествувањето како геј има исто толку врска со посветеноста кон некои видови култура, колку што има врска со моите сексуални настроенија“ – навидум прифаќајќи го благо отфрлачкиот и леко омаловажувачки став кон сексот што провејува во Кламовата употреба на старинскиот збор ‘настроение’ кога зборува за хомосексуалниот избор на предметот.334 За Фелоуса, „геј“ не е синоним со „хомосексуалец“ и никако не треба да се сведува на тоа (13).335
Онака заинтересиран за „некои од особените димензии на машките геј-животи кои ја надминуваат сексуалноста сама по себе“ (x), за „несексуалните димензии на природата на геј-мажите“ (243), Фелоус доследно ја ублажува важноста на сексуалноста, сметајќи ја за едно од „најнесуштествените нешта“ според кои геј-мажите се разликуваат од стрејт-мажите – односно, ја смета само за знак на подлабока разлика, која мора да има врска со особеноста на „геј-сензибилитетот“, сфатен како „суштественa страна на човечката природа“ (262).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
(Размислувањето го има тоа убаво својство, неочекувано да изведе пред тебе како на прошетка или на излет познати и непознати виденија, напати многу поучни за случајот. Којзнае!)
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Сето тоа ме наведе да се запрашам: Ако од стрејт-мажите се разликуваме само по сексуалната ориентација, а не на некој друг суштински начин, зошто ja откривам оваа претежност на геј-мажи што биле видливо настрани уште од детството, обично со години пред да им започне сексуалниот живот? (ix–x)
Ваквото размислување го наведува Фелоуса на заклучокот дека „гејството подразбира многу повеќе од само сексуални партнери и практики“ (262).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Неговото размислување го прекина Јана. - Радо, што сме се раздрдореле само ние двете.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тогаш, кога најпосле сфатив дека тоа што го гледам е можеби одлика на геј-детството, ме заинтересира овој тренд на родова нетипичност...
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сигурно онаму има, си мислев, многумина геј-мажи кои своевремено биле прави, родово типични момци земјоделци...
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)