разлика (имн.) - каков (зам.)

Посебно ќе истакне дека во контактите што ги имал со „народот во Белград… и со партизани и со независни, со ентузијазам ги поддржуваат погледите изразени од страна на генерал Темпо и протестот на г. Влахов“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Поучен од бившиот систем дека тоа што не можеш сам - можеш преку партијата, ја одредил точната адреса каде може безобѕирно, апсолутно неодговорно, да му се стапне на вратот на секој творец без разлика какви се неговите творечки резултати и колкав е придонесот од нив во сеопштата културна атмосфера.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Неговиот заклучок бил јасен во однос на тоа дека „македонското прашање“ „…ќе биде еден од најтешките проблеми што ќе треба да се реши на Балканот“ и дека „без разлика какво ќе биде решението, тоа секогаш ќе наиде на жестоко спротивставување од едната или од другата страна“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Отец Кирил се посомневал дека слепецот од Кападокија е измамник, и дека знае само една и иста приказна која ја кажува секогаш, без разлика какво слово и со какво писмо е забележано на штичката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)