разлика (имн.) - бев (гл.)

Истото што го правеше и авторот. Разликата беше во тоа што авторот малку се интересираше за поединците како такви туку со оглед на тоа што од кого би можел да извлече нешто за својата прикаска.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Единствената разлика беше во тоа што на дното на првата страница пишуваше: „Сите лица и настани во прикаскава се измислени.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Една од тие разлики беше разликата во пресметката на максимално дозволената висина до која се исплаќаат платите во дејностите прецизирани со закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Татко, колку и да се бореше во животот тивко и ненаметливо да ги ублажува наследените и неизбежни разлики, наложени од исчезнатите империи на Балканот, останати како жила­во наследство, со уште пожилава инерција во времето, овде беше оставен засекогаш во просторот каде што разликите беа дефинитивни, засекогаш обележани.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Она умирање, кога нема што да се прави со себе, сите го имале барем по еднаш во својот живот; разликата беше само во тоа што кај него сѐ беше неспоредливо поголемо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во поранешните времиња, класните разлики беа не само неизбежни туку и пожелни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)