разбудување (имн.) - на (предл.)

Алхемијата извлекувала од пената на ракијата разбудување на машки соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но ако при националното разбудување на Македонците имавме друг вид на политичката карта на Балканскиот Полуостров, тогаш Македонците ќе работеа сосема поинаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Очигледно дека моите размислувања се плод на самата ситуација и атмосфера во која сум западнал, ама и на разбудување на нешто ново во мојата природа, оти и покрај тоа што сум си поставил задача да ги набљудувам луѓето и животот, сум почувствувал дека и љубовта воопшто играла важна улога во животот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Ракијава ме загреа. Ќе побарам поток и ќе се измијам. А можам и кошулава да си ја исперам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Површен поглед на настаните што изврвеа пред Востанието ни докажува оти најсилниот поттик за националното разбудување на Македонците ни послужи зафатокот на српската пропаганда во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)