А кога се иде за радост, каква радост ќе биде ако за вечера и ручек нема тава и пиење?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Јас сина да видам - ќе жртвувам живот, копнејќи; сили со радост ќе зберам.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Бездруго, македонските маси со поголема радост ќе го прифатат гледиштето на македонските националисти што проповедаат Организацијата да се претвори од револуционерна во еволуциона. Како таква ќе може легално да работи во Турската Империја.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Камењата, море Трајко, под твојот чекан и глето ќе добијат сјај и облик - куќа што ќе се вика, а во неа живот, љубов... радоста ќе се вглезди, дечки ќе се растрчаат... ех!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Каква радост ќе биде кога ќе ги истури во скутот на Вита, жена му, сребрените динари...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На екранот почнува да се врти шпицата со имиња, ја пуштаат мелодијата на емисијата „И радоста ќе засвети“: „И радоста ќе засвети, како да не била одамна впиена во мене И радоста ќе засвети, како да не чекала и страдала со други неповикани радости Ангелите се раѓаат за да им се искршат крилјата Ја насетуваш ли сласта на вознесот, веќе нема враќање Кон Млечниот пат!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Можеби и младоста и радоста ќе се врати, за кои со толку тага ѝ зборувал Анастас ѕидарот на Надежда Мирска.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Мајка ѝ со радост ќе може да се пофали на соседите. На роднините. Ако има, нешто и ќе почести.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
АНТИЦА: Ако, мори, нека дојдат, со радост ќе им ја дадам душава.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Дури свет светува, дури сонце грее ќе се слуша песна радост ќе се слива, Републико наша, наша братска стрео, да си вечно славна, да си вечно жива!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
И кој е тој што може да ме убеди дека утре ќе се вратат и со радост ќе ги пречекорат местата каде што беа праговите од нивните домови?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ги има изналепени и заковани во Корештата, во Преспа, на ѕидовите по болниците, на стеблата од буките, дабовите и боровите на Вичо.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Сакаш да дојдеш со мене? - праша, божем рамнодушно, а знае каква радост ќе предизвика кај мене со таквиот предлог.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Во таа акција со радост ќе учествуваме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)