Трепетот на невидливата птица на звукот ги облагородил луѓето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чинките на човековата беспричинска радост им ја грееле крвта, ги тргале кон огнот зад ѕидот на урнатината и кон гајдата на Каменчо Скитник, човек што можел и од кал да измеси слатка погача.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Искрите од животните тајни ги оживуваме и им даваме дел од нашата душа, се бориме до последен ѕдив, со последниот атом енергија, затоа што живот е борба, а човекот е победник.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ние постоиме, чувствуваме, мислиме, на секојдневните моменти од тага и радост им даваме смисла, содржина и облик.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)