Не беше пресреќна ни со тие понуди, зашто сакаше да се вратат онаму кајшто припаѓаат, во Галиција, во Полска, во Германија или во Австрија, а им се случуваше спротивното: како семејство сѐ подлабоко навлегуваа во Ориентот, кој – си мислеше Гита Корец во бессоните солунски ноќи - него можеби го влечеше поради традициите што му се допаѓаа на салонскиот ционист во него, но и на сѐ повидливиот, автократски дел од неговата личност.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Прости ми што овие бели лисја ги откинав од крајот на тетратките на твоите писмени работи од осмолетката, кои со толку многу радост ги испишуваше и кои најчесто двете заедно, легнати на креветот, ги читавме.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Со радост ги дочекувавме нејзините цветчиња и ливчиња, Таа уште од коренот се гранеше.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Томето со радост ги дочекуваше славите кај чичко си.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Иако не беше пресреќна со местата, таа со радост ги пречека вестите дека маж ѝ е поканет за главен рабин на Александрија, потоа и за професор на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Неопишана радост ги опфати забитот и Аџи Јанета кога го забележаа каналот како се вие низ лозјата, и ледината како зелена порачка.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)