И освен таа радост имав и едно поинакво чувство, затоа што знаев колку сум далечна од нив, онолку далечна колку што некогаш бев блиска со мојата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Какви радости... какви радости, мои људје, какви радости... - рече - повтори со трогнат глас - какви радости имаше во ова куќа...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Многу радост имаше во куќата на Ефимија (сестра на Борис) додека ние бевме нејзини гости, првите два дена.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
О, колкава радост имаше во сето тоа небо, во тоа сино, богато небо, што почнуваше веднаш од неговото лице и траеше постојано, без ниеднаш да се сврши, многу подалеку од допирот на неговиот поглед.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мајка ми честопати ги собираше моите сестри, наоѓајќи начин да не ме повика и мене, и потоа седеа долго во кујната, а јас понекогаш само малку ќе зачекорев во ходникот и пак се враќав во собата, и при тоа кусо приближување до нив, до вратата која ме делеше од нив, успевав да чујам делче од нивните разговори, какви што водеа повеќето мајки со своите ќерки: за она што една девојка треба да го исполнува за да биде добра ќерка, за начините на кои се стапува во брак, за должностите на жените кон своите сопрузи и деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Следната дестинација ни беше Загреб.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)