На собранието беше потпишана молба, и тоа со одушевување и од сите присутни, па возбудата се пренесе низ цел град и радоста беше бескрајна поради еднодушноста и премавнувањето на разногласијата, зашто не само Власите туку и сите други кои се спротивставуваа спремно се потпишаа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Радоста беше неопишана кога после два три месеци навистина удрија на ќунците од ѓеризот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И една ноќ, при крајот на март, одајата се испразни.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Можеби војска не беше многу, беа пет или шест партизани, ама стремежот народен беше голем и радоста беше уште поголема затоа што, ете, си има своја војска...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од моите патувања најголема радост беа пријателствата кои се родија од исти или слични потреби.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Потреба за авантура, потрага по самиот себе, малку среќа, многу љубов, потрага по неизвесноста, интимни романтични вечери, глорифицирани слики и моменти, сведоци на убавината и слободата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кога ќе се сетам, ми се плаче и ден-денес од големината на таа моја среќа, тој прекрасен понеделник.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ех, кога се свестив, каква среќа беше тоа, каква безмерна радост беше!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Без неа сите радости беа пусти и студени.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Но, можеше да биде радосен, можеа да бидат радосни двајцата, а нивната радост беше секогаш таква.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Неговата радост беше прекината од федералната летачка администрација со одземање на дозволата поради неодобрен лет.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
КИБЕРПАНКОТ КАКО ОБРАЗЕЦ ЗА ДВАЕСЕТ И ПРВИОТ ВЕК Традицијата на „поединецот што мисли за себе” се простира до почетоците на забележаната човечка историја.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Мајка ми, среќна, нѐ галеше сите. Смислата на сиот нејзин живот беше нашата среќа, а оваа наша радост беше дел од тоа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Неговата возбуда и радост беа големи.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Неговата радост беше речиси хистерична.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)