работодавец (имн.) - има (гл.)

По оваа промена, приватните работодавци имаа пет можности, при што и натаму постоеше можноста на вработување работници преку јавно огласување, но беше спомната и можноста за обезбедување работник, директно од страна на самиот работодавец, без огласување – со склучување и заверка на договор за работа (чл. 2, ЗИДЗРО/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Претходно, работодавецот имаше право на исплата на средства по истекот на три години од денот на престанокот на работниот однос на неопределено време на дотичното инвалидно лице (чл. 18, ЗИДЗВИЛ/јули.05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кај јавните и државни претпријатија, кои отпуштаа работници по овој основ, во практиката често се применуваа партиски критериуми – на големо незадоволство на отпуштените, како и на јавноста; •  што се однесува до измените од 2000 година, со нив: прво, целосно се укинаа погоренаведените критериуми што требаше да се запазат кога масовно се отпуштаа работници; и, второ, се промени одредбата која пропишуваше дека тоа треба да се направи во согласност со колективните договори, со формулација дека тоа ќе се утврдува врз основа на колективните договори на ниво на работодавец или гранка (значи, веќе не со општ колективен договор) и „доколку работодавецот има потпишано таков договор“!? (чл. 6, ЗИДЗРО/00). 24.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)