работодавач (имн.) - со (предл.)

А, пак, спротивно на ова, со измените на ЗРО (2005) од декември 2008, беше проширена можноста за жалба без суспензивно дејство, упатена, најчесто од незадоволниот работодавач, до Министерот за труд – и тоа не само против решението на трудовиот инспектор со кое се забранува вршење на работа, туку уште и во два случаја: (1) против решението со кое му се наредува на работодавачот да донесе или поништи акт со кој би ги отстранил утврдените неправилности и недостатоци; како и (2) против решението со кое се одлага извршувањето на конечната одлука на работодавачот со која е повредено некое право на работникот, за коешто овој повел работен спор пред суд (чл. 7, ЗИДЗРО/дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Права и обврски на работниците и на работодавачите Со носењето на ЗРО на РМ (1993), се воведоа извесни промени во различни области кои ја засегаа фактичката и правна положба на вработените, vis-à-vis поранешниот ЗРО на СРМ (1990).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сепак, во новиот закон е задржана и обврската на работодавачот со колективен договор да го обезбеди остварувањето на правото на работниците, непосредно или преку свој претставник, да учествуваат во утврдувањето и во подобрувањето на условите за работа и на работната средина (чл. 12, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
 6 Со овој закон се уредува исплатата на нето-платите (подоцна бруто-платите, со воведувањето на концептот „бруто-плата“) и одделни надоместоци кај работодавачите со седиште во Република Македонија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)