работник (имн.) - утврден (прид.)

Второто дополнување предвиде правното лице што врши дејност распоредена во гранките производство на нафтени деривати, воздушен сообраќај, ПТТ услуги, надворешна трговија, трговија на мало со нафтени деривати, трговија на големо со нафтени деривати, туристичко посредување, банкарство и осигурување на имоти и лица и правното лице што врши дејност распоредена во областите од 12 до 14 (согласно тогашната национална класификација на дејностите), освен правното лице кое е регистрирано како претпријатие, платите за јули 1992 година и натаму да ги исплатува во висина на исплатената просечна месечна плата по работник утврдена согласно овој закон и усогласена со стапката на порастот на платите во стопанството за мај 1992 година во однос на просечната плата остварена во стопанството за март 1992 година и зголемена за 50% (чл. 3, ЗИДЗИПДНДР/јули.92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ослободувањето од плаќањето на придонесите се однесува на периодот од денот на засновањето на работниот однос до денот на важењето на овој закон и 1.  Закон за зголемување на вработувањето, Сл. весник на РМ, 65/97, Закон за поттик- нување на вработувањето, Сл. весник на РМ, 25/03 и Закон за поттикнување на вработувањето, Сл. весник на РМ, 62/06. 2.  Закон за изменување и дополнување на Законот за зголемување на вработувањето, Сл. весник на РМ, 35/98. 122 се утврдува на платата на работникот утврдена во согласност со закон и колективен договор која не може да изнесува повеќе од просечната месечна нето плата по работник во стопанството на Република Македонија (чл. 2).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Доколку инспекторот на трудот по повторената контрола утврди дека работодавачот не ја отстранил неправилноста за која еднаш веќе му е посочено дека ја сторил во тој случај инспекторот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред прекршочната комисија согласно закон. (чл. 6) Со измените на Законот за минимална плата од 10.02.2014 година е прецизиран износот на минималната плата и е предвидено дека истата ќе изнесува 10.080 денари во нето износ која ќе започне да се применува од 1 јануари 2016 година. (чл. 1 и чл. 6 од ЗИЗМП/фев.14) Со оваа измена на законот е направена своевидна дискриминација на работниците кои работат во текстилната, чевларската и кожарската индустрија, кои важат за трудово-интензивни дејности, каде е предвидено дека минималната плата во овие сектори ќе биде во помал износ и тоа за 2014 година минимлната плата во овој сектор ќе изнесува 7.500 денари, во 2015 година 8.050 денари, во 2016 година 9.000 денари, во 2017 година 9.590 денари и во 2018 година нејзиниот износ ќе биде 10.080 денари. (чл. 4 и чл. 5 од ЗИЗМП/фев.14) Со измената на Законот за минимална плата од 05.12.2014 година дојде до измена на чл. 7 со што е направено своевидно поострување на глобите за работодавачите и за одговорното лице во правното лице, доколку не му биде исплатена минимална плата на работникот утврдена според закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Трето, постои голема опасност од хонораризација на работниците, особено во трудово-интензивните гранки и во услужниот сектор, каде што со оваа мерка многу од работодавачите би биле поттикнати да склучуваат лица плаќаат придонеси е разликата помеѓу остварениот приход по овој основ и висината на просечната плата по работник утврдена за месец јануари во тековната година.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со други зборови, ако заработениот износ е понизок од просечната плата по работник утврдена за месец јануари во тековната година тогаш овие лица не плаќаат придонеси за социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)