работник (имн.) - вработен (имн.)

Сега, сите акции кои ги издава претпријатието се обични, со тоа што ЗТПОК вклучи одредби во кои се предвиде можност за купување на акции под повластени услови, а која можност им се дава на работниците вработени во претпријатието, на лица кои претходно работеле во претпријатието и на пензионираните работници од тоа претпријатие (чл. 25).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Беа укинати и интерните акции (дефинирани како акции кои се издаваат со попуст и кои не може да се наоѓаат во промет на пазарот на хартии од вредност), а кои можеа да ги купат работниците вработени во претпријатието, пензионираните лица и лицата кои претходно биле вработени најмалку две години во тоа претпријатие, други домашни физички лица и организациите за пензиско и инвалидско осигурување (чл. 1a, ЗДК/89).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, барањата за издавање на работни дозволи за странец, поднесени од работодавачи основани во Република Македонија ќе се одбијат ако: а) шест месеца пред поднесување на барањето за работна дозвола за странец, работодавачот ги отпуштил работниците вработени на неопределено време; б) работодавачот одбил да вработи невработено лице упатено од Агенцијата за вработување кое ги исполнувало бараните услови; в) во рок од три години пред поднесувањето на барањето за издавање на работна дозвола на работодавачот, му била изречена прекршочна санкција за сторен прекршок на одредбите на овој и друг закон, за незаконска работа или незаконско вработување; г) работодавачот покажал негативни резултати во работењето за претходната година, ако платите исплатени на неговите вработени биле под нивото утврдено со соодветниот грански колективен договор, ако ја прекршил законската регулатива за работните односи или ако не ги намирил своите обврски за даноци и придонеси (чл. 7).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Важна одредба е и онаа дека во случај работодавецот да го намали бројот на работниците вработени на неопределено време од денот на влегувањето во сила на овој закон, го губи правото на ослободувањето од плаќањето на придонесите, за намалениот број на работници (чл. 5).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, стран(к)ите во спорот можат решавањето на колективниот работен спор, спогодбено, да го доверат на арбитража (чл. 235, ЗРО/05); 34 в) за прв пат се воведоа законски критериуми за репрезентативност на синдикатите и на здруженијата работодавачите – а тоа е тие, како свое членство, да имаат најмалку 33% од работниците вработени кај работодавачот (чл. 211-213, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)