При ова, заштитата се сведе само на вонсудска заштита пред самиот работодавач, слично на онаа народната „кадија те тужи, кадија те суди“, и на дополнителна т.е. секундарна заштита, пред надлежниот основен суд; 7 6. У.бр. 139/2005-0-0 од 21.XII.2005; У.бр. 161/2005 од 22.XII.2005; У.бр. 134/2005-0-0 од 29.III.2006; У. бр. 187/2005-0-1 од 10.V.2006; У. бр. 111/2006- 0-1 од 24.I.2007; У.бр. 188/2006-0-0 од 4.IV.2007; У.бр. 170/2006-0-1 од 6.VI.2007 и У.бр. 263/2009-0-1 од 22.IX.2010. 7. Некои од овие „кастрења“ на одредби од процедурален аспект имаа смисла бидејќи, на овој начин, се одбегна дуплирање на истите одредби во повеќе одделни закони – затоа што постапката за заштита на работничките права, кај нас се третира како посебен вид граѓанска постапка и, според тоа, е регулирана со ЗПП (2005), со ЗИ (2005), потоа со ЗОП (2007), како и со ЗМРРС 23 – исто така, повеќе не постои одредбата која велеше дека над лежниот орган кај работодавецот е должен, пред донесувањето на одлуката по барањето, односно по приговорот на работникот – да побара мислење од синдикатот во кој тој членува, како и задолжително да го разгледа и за него да се изјасни, ако синдикатот доставил такво мислење (чл. 146, ЗРО/03 – ПТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
б) Правните средства за заштита на работниците се зголемија од три на четири експлицитно споменати, плус еден имплицитно одреден правен инструмент – меѓутоа, ќе забележиме дека тие се „расфрлани“ во различни членови и не се групирани на едно место: – Првиот заштитен инструмент е писменото барање до работодавачот да го отстрани кршењето на правото (чл. 181, ЗРО/05): a) имено, aко работникот смета дека работодавачот не му ги обез- бедува правата од работниот однос или крши кое било од неговите права – може да поднесе барање до работодавачот, овој да го отстрани кршењето, односно да ја исполни својата обврска; б) исто така, ако работникот смета дека, со писмената одлука на работодавачот, е прекршено неговото право може – во рок од осум дена од врачувањето на таа одлука, да бара од работодавачот истото да го отстрани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако, пак, работникот смета дека со писмената одлука на работодавачот е прекр- шено неговото право може, во рок од осум дена од врачувањето на таа 27. Некои од овие кастрења на одредби од процедурален аспект имаа смисла бидејќи, на овој начин, се одбегна дуплирање на истите одредби во повеќе одделни закони, затоа што постапката за заштита на работничките права кај нас се третира како посебен вид граѓанска постапка и, според тоа, е регулирана во Законот за парничната постапка (Сл. весник на РМ – 79/05, 110/08 и 83/09), со Законот за извршување (Сл. весник на РМ – 35/05, 50/06, 129/06 и 8/08), потоа со Законот за обезбедување на побарувањата (Сл. весник на РМ, 87/07), како и со Законот за мирно решавање на работните спорови (Сл. весник на РМ, 87/07).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)