Се изморувал Панделиј Каламарис, проплукувал крв и заспивал на нозе - ќе продреме, ќе се тргне и пак: од работилница до работилница.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Најпрвин бил водач на маски со кои се распоредувале бурињата со барут носени од места и по патишта што само тој и главарите ги знаеле, потоа му дале да определува деноноќни смени во работилниците за оружје, да бдее над мајсторите, да ги испитува пушките и камите и, според распоредот на бунтарскиот командант Кара-Тошо, да им ги доделува на нестрпливите чети на чие чело веќе стоеле војводи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)