работа (имн.) - дека (сврз.)

Но место за Прилеп, ова оружје замина за Пирин со кое Сандански навистина наоружа стотини свои востаници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Други, попроѕирливи, ја разбраа работата дека војводите сакаат да се откачат од нив; длабоко се замислија и почнаа да јачат: — Е, е, се виде таа, џанум, оти не оставате на агите, туку ајте ми со здравје.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Другари, четници! — се провикна потем Пере. — Нашиов штаб, како што слушнавте, ќе се прибира во Бугарија, да ги спасува своите глави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И ќе речам дека навратив кај побратимов Јордана да се одморам, а ти дојде да ме бараш и да ме заколиш како шпиун.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А овој, откако ја намириса работата дека ќе ги мешаат капите со агата, се зарадува на предлогот од Толета и во мај замина по канал за Софија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Тогаш вака ќе направиме: Јас ќе ја претставам работата дека слегов в град да и се пријавам на власта оти си дојдов од Бугарија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откако ги ислуша и се увери во нивните искрени прикажувања, везирот се обрна кон Арслана: – Ќе наредиш да се напише ферман.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие излегоа на сретсело и ја разбраа работата дека идат Турци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се избистри работата дека таа област – Мариово е личен султанов хас и дека прилепскиот кадија навистина им правел зулуми на тие луѓе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)