Многу комплексниот систем се доближува до одреден раб помеѓу ригидната контрола и тоталниот хаос - тоа е кога целата работа може да сурфира до следното ниво на комплексност.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Никнува од самиот камен и помислуваш дека тука, случајно се ниша тоа на самиот раб помеѓу животот и смртта: сиво и безизразно, со цврста кора и безброј боцки на неа.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Стоеше на тој раб помеѓу свесното и несвесното, таа припаѓаше во исто време и на длабокиот спокоен сон и на околниот надворешен свет во момент кога спиеше, одеше по работ, на тенкиот хоризонт на нејзините очи и чуваше стража на самата себе!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)