Го нема мангалот, го нема жолтиот човек со окалките, а нема ни запрежни коли за да се нафрлат пљачките во нив!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Веднаш по иселувањето на Пелагија, ден два потоа, Чана ги собра своите пљачки во две вреќи, ги стисна под двете мишки и ги однесе на кај стопанството Острово.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
” Сиромав човек, си реков, кому уште можам јас да му помагам, по она што ми го рече како да ја разбуди заспаната гордост во мене, не, не можев јас тоа да го правам, знаев повеќе од сé дека тоа си е така, влегов во гарсониерата, набрзина ги собрав пљачките во една патна торба, ја заклучив вратата зад себе и покрај здрвениот човек на скалите излетав надвор.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Луѓето ги оставаа убавите куќи, топлите одаи, богатите градини зад куќите, ги оставаа дрвените кревети, долапчињата, садовите што ги имаа присобрано или откопано од дворовите и градините, си ги врзуваа старите пљачки во бовчи, ги префрлуваа изврзаните кокошки преку рамо не водејќи сметка дека ќе бидат испосрани, ги дигаа сламариците со сѐ прав, болви и раздробена слама - се преселуваа околу огнот на дедо Костадин.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)