пченка (имн.) - и (сврз.)

Кога завлегоа длабоко во пченките и кога тој сиот возбуден ја легна и таа почна да се слекува, од ципите па сѐ до папокот се откри густо црно крзно како од куна.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А израсна овде. Го познаваше овој предел уште кога на тоа место имаше ниви со пченка и компири и го гледаше овој предел како се развива.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А специјалитетите!? Какви ли се не подготвила вредната докторка, мајката на Сју: скалопи, лососи, печени пченки и што ти не друго.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И кога наскоро излегоа на првата височина, откаде што се гледаше целата околност како на дланка, пред очите им се покажа радосна глетка: во самото подножје на планината, низ високите пченки и приведените главички на сончогледите, раздвижени како мрави, работеа младинците, се разнесуваа тврди удари од копачи и лопати, а во должина од неколку стотини метра се црнееја купишта од ископаната земја....
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Коњоштипите, богомолките и гасениците излапале сѐ, сега нив ги лапаат, ги кинат или ги смукаат стоногалки, жегавици и пајаци. Нема земја, нема ни луѓе ни птици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак зелено мирисаат пченки и ти раскажува некој со зелен глас: ако не се фатиш за нешто, за шурка небесна светлост или за опаш на магла, ќе се струполиш во шуплива бескрајност - ни над тебе ни под тебе нема ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се смилостивил калуѓерот и го качил пет-пари-човечето на својата магарица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога на султанот му стасале на сто златни тепсии сто востанички глави добро заштитени со сол како подарок од пашата Лобуд и како крвав абер за најновата победа на Отоманијата, калуѓерот свечено го вовел улавиот во зафрлен манастир и со благослов го преоблекол во мантија, заедно да им служат на светците, да ги окопуваат лозјата и пченките и да ги пасат козите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За среќа, Пелагија и Танаско од рамната земја донесоа и доволно храна, особено пченка и леено свинско. Тоа дури го споделуваа со оние околу себе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Новодојденците, тие, просвигите, тогаш знаеја да садат тутун, пченка и тикви.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А научив и по тоа што на тој ден дома беше вистинска збркотница: уште во рани зори стануваше мајка ми, нѐ будеше сестра ми, мене, дедо ми и почнуваше она што севезден го проколнував: ги тресевме постелите, ја менуваме сламата од сламарниците, се пентаревме на столови и со метла мавтавме по ќошињата кинејќи ја пајажината, роневме пченка и толчевме исушени пиперки, ги вадевме добичињата да се топлат на сонце во дворот, трчавме по кокошките за да ја фатиме онаа што носеше јајца во туѓа плевна и на која дедо ми уште одвечер ќе ѝ донесеше пресуда зборувајќи дека такви лиоти не би требало да се држат дома.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Јон зема секира и една рака пченка и почна да ги ваби: пире, пире, пире, ги ваби кокошките и која како дојди, фатија ја и пум со секирата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)