Од заемките за лицата што вршеле разни воени и цивилни лица функции, Татко се одреди за следните зборови: аскер, војска и војник (од турски asker); бимбашија, заповедник на илјада војници, односно на еден табур (од турски binbаi); борозан, трубач (од турско-персиски borozen); гавазин, стрелец (од арапски kаvаѕ); заптија, стражар (од арапски zaptiye); левент, левен, голем јунак, делија, но и платен војник, наемник (од персиски levend); сејмен, сејменин, стражар, придружник (од персиски ѕе men), сераскер, главен командант (од турски serasker); суварија, коњаник (од персиски ѕvаri) и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Првин ја издвои на прво место заемката барут, од арапско-персиско потекло (barut) за којашто на Камилски ќе му предложеше да водат посебна дебата, потоа запре на ориентализмите: куршум, куршун, фишек (турски kurşun и fişek); абердарка, топ или пушка со кои се огласува нешто (од арапски и персиски haberdar); боздоган, буздуван (од турски bozdoğan); кундак, дрвениот дел од пушката (турски kundak); топ, топчија, топтана (од турски top, tope, tophane); пусија, заседа (на турски pusu) метериз, окоп, ров, (од персиски neteris); кавга, војна, покрај честа употреба со значење караница (од турски kavga); бајрак, знаме (воено, но и сватовско), од турски bayrak.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Шишането е турска пушка со кремен, берданката е со англиско потекло, има еден фишек и мартинката е исто така со фишек, но од француско потекло.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Си подготви топли алишта, ранецот со храна и, нормално, пушката со муницијата за лов.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
„Во таква несвесна состојба јас се обидов да ја извадам испуканата чаура и да ја пренаполнам пушката со цел да пукам во себе.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тогаш сфатив што сакаше пред стемнување да ми каже Арсо Арнаутче и сфатив дека не можам како Никола Влашки да се пикам по голото старче во огниште и да се покривам со пепел и со надеж дека ќе си поживеам незабележан од душманите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со голи раце се фрлив на бегот и, кога му ја свртев пушката со оган и врело железо да го ранува ѕидот, ги видов како се фрлаат на Турците Онисифор Проказник, Орлен Шумков, Никифор Ганевски, Арсо Арнаутче, можеби и другите што беа во собата, можеби и жената и Ганка, и ги видов како доаѓаат како ѓаволи на правдата Онисифор Мечкојад, Куно Бунгур, Наџак-Јанко, Богдан Преслапец, можеби и другите: ревеа, бодеа со ножови и сечеа со секири, но бегот во вртењето ми ги искрши забите со кундак и ме собори, да се грчам ошумоглавено и недоубиен меѓу нозе и под нозе и да слушам машки писоци и ревење и пцости.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Војникот ја крена со една рака пушката со бајонетот, а со другата смирено ја погали ќеркичката Јета по косата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не мина ни час. Просторот се ослободи од военото и полициско присуство, од транспортерите, тешкото наоружување. Како да не случило ништо.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мигум ги снема и војниците и полицајците со пушките со бајонетите и калашниковите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Гзиме рефлексно појде кон ќеркичката Јета. Да ја повлече кон себе, да се смири.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ја грабна студената пушка со студените раце. Нанишани на зградите, на кулите, на колибите.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Вели: „За криви колца не треба прав пат“ , велеше Лазор Ночески и ние, седевме ден-два ебали го, може и повеќе да седевме во Варна и после нѐ собраа меѓу пушки со штикови и нѐ водат на воз, а Стеван Докуз уште пред вагонот почна да кука, спомнува жена, деца, куќа, јас го тргам за ракав, да молчи оти со кукањето може да помислат дека вистина нешто криеме и за која странска сила го криеме, и Стеван Докуз ќе се штрекне на тоа, ама пак ќе заборави и пак ќе закука и јас ќе го држам за рака, ќе го шибам в слабина, ќе го штипам и тој пак ќе замолчи и нѐ товараат во еден вагон за добиток ли, за пошта ли, за жито ли, нѐ пикнаа во вагонот, нѐ настегаа в шише и ајде за Софија
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Наалкувам една пушка со крената цевка кон небото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)