Се истопи снегот, се потсуши земјата и набабреа пупките на дрвјата.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Пупките на крушколиките дојки истакнати ѝ се со окер, со кој ги намачкала и образите и усните.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
„Јас сакам да имам дете,“ ми рече Ема Ендековска, допирајќи си ги набабрените пупки на градите. Потоа ми ја зеде главата меѓу дланките и ми ја притисна на левата цицка.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Невидливата рака од подадениот ракав држи сув цвет, здравец, симбол на животот или, сеедно, кандилце, богодорично срце, бела пупка на штркоцвеќе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Што било потаму? Ништо... Кога до жолчка понижениот Адам Лесновец (самиот тој од гордост си го измислил славољубиво второто име) се вратил во пештерите и кога раскажал, издувувајќи ја со зборовите и маката од себе, дека се повлекол пред жените зашто не сакал да ги тимари (кобилите, рекол) со ластегарка од жал кон животворното млеко што можело да им секне а кое утре требало да ги израснува идните каменоделци, луѓето се насмеале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но што можел да спечали од една воденица пребогатиот бег?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа бил миг што еднаш во годината се јавува: наеднаш од две страни зачикчирикале две птици исплакнувајќи си ги грлата со сончева гаргара; потоа попукале сите возможни пупки на дрвјата и на грмушките, бело, жолто и румено, и го поплавиле светот со сладок мирис од кој и лицата на старците се измазнувале; и потоа од проѕирните далечини како да надошле златни потоци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
(...) Пансексуалната метафорика (на Марино) на прв поглед е доволно речита: фалусот е „вљубено копје“ или „слатка стрела на љубовта“.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Градите се Алпи белокосни, пупките на градите зраци оган во снег итн.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)