Витомир ја залепува цигарата и ја запалува. Пувка и го чеша јачменчето на окото. - Не чешај го ако не те јаде, вели Григор Бакалот. - Ме јаде, вели Витомир.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Алуминиумското ѓезве, што вриеше контролирано, сега почна да пувка и да ика како да протестираше против некоја неправда.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)