публика (имн.) - подготвен (прид.)

Процесот на настанување на ваквите филмови е долг и сложен, што е и разбирливо ако се знае дека Џарман им припаѓа на оние филмаџии на коишто процесот на настанување на филмот им е поважен од самиот резултат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Палимпсестот е метода на работа со која настануваа и двете книги на Џарман.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Доминантниот кино-филм фасцинира и забавува, а Џарман бара активна публика подготвена да го интерпретира филмското остварување како отворено дело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)