ДЕЛ ПЕТТИ
Kоли за пички
15 ГЕЈ-ЖЕНСТВЕНОСТ
Објаснувањето за конкретните облици што ги добила културната практика на машката хомосексуалност во поновите англоамерикански општества би било навидум очигледно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога е во прашање филм каков што прави Хичкок, станува збор за концентрација на вниманието на публиката кон екранот во толкава мера што, на пример, арапските гледачи престануваат да лупат кикирики, Италијаните да ги пушат своите цигари, Французите да ја милуваат својата сосетка, Швеѓаните да водат љубов меѓу два реда фотелји...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Можеби некои се плашат да не ја насочат публиката кон некои необични нешта во културната сфера, да не речам, кон забранети љубови.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Но, да бил Хегел ноќта на закопот на Џуди Гарланд оној петок, на 27 јуни во 1969 година, меѓу кралиците што се насобрале пред гостилницата Стоунвол кога онаму полицијата правела рација, можеби ќе пеел друга песна – под претпоставка, се разбира, дека воопшто знаел да пее.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму таков ироничен однос кон машката власт, имплицирал Хегел, бил подлога на Антигониниот отпор кон законот и ѝ овозможил да си го оправда, без потреба да се повикува на никакво поопшто начело, пркосот кон државата.
Џуди Гарланд не е Антигона.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Затоа и неговото соблекување гол на неколку протестни акции (Los von Loos, Pintorarium) треба да се гледа како негов обид, со провокативното покажување на својата прва кожа, всушност, да го насочи вниманието на публиката кон втората и третата, на погубните механизми на модата и стерилноста на архитектурата.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Можеби барем ќе сфател дека политиката на иронија не се ограничува само на жените, односно на биолошките жени, и дека неа не ја отелотворува најдобро трагедијата, туку токму дисидентските односи на публиката на мелодрамата, конкретно односите на геј-машката публика кон женската мелодрама, а со тоа и настраната, инклузивна, благонаклонета идентификација на машката геј-култура со неа.328
Во секој случај, ако некаква иронична позиција е она што им е на геј-мажите заедничко со жените и ако ироничното идентификување со жените е она што ни овозможува да извлечеме поуки за политичкиот пркос од гламурозната изведба со која Џоан Крафорд ги одигрува мајчинските мачеништво и абјектност, тогаш можеби тие наши женски идентификувања се идентификувања што не само што не треба да се обидуваме да ги скриеме в плакар туку треба и ревносно да си ги прогласиме за свои – да ги сфатиме, да ги цениме и да ги негуваме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)