птица (имн.) - не (чест.)

Кога птиците не му тргнале од рака, почнал да црта само глувци и тоа слични на Мики Маус.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не сум можел да претпоставам дека сум пишувал и за нив, знаејќи добро дека ниту птица не би можела да ја прелета најчуваната граница во Европа!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се чинеше дека птицата не е свесна за нејзината близина и продолжи да трепери пиејќи од чашката на цвеќето и, пред да го брцне клунот во друга чашка, паузира неколку секунди во воздухот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Лисјата умираат без брзање. Ниедна птица не ја оплакува нивната смрт.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во тој миг можел да и се слушне старечкиот глас.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Како и денес, и тогаш се знаело дека птиците не плачат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Секогаш по таквите војни, малечок мој, од тоа место бегале другите птици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
До гробиштата на птиците не смееле да се доближат ни луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само една птица не можеше да го одржува летот на јатото, за на крајот да остане на брегот, за да ги зајакне крилцата и повторно да полета кон своите, во далечна Турција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И птиците не се делат од своето јато Кога газиш, погледни , ќе се осакатиш од тло со трње животот е полн со веројатности Остануваш, ко изгубено кутре сред густа шума Лавови бездушни ќе те распарчат и нема да пуштеш ни солза...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Птицата не се претвори во оса туку си остана птица и си одлета зад покривите на куќите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)