Клукајдрвецот како да заклучи дека секој треба да си ја гледа својата работа па се поткачи погоре на стеблото и, откако за секој случај разгледа наоколу, заудира со клунот во корката од брезата од што рафалниот звук се разнесе со ехо, а на авторот му дојде да се фати за темето поради немилосрдноста на чудната птица кон сопствената глава.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Таа речиси инстинктивно ги насетуваше точните денови кога наесен полетуваа птиците кон непознатите далечини.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Дома за Циљка пред сѐ беа баба и дедо и помалите сестрички и братчето, кон кои беше така приврзана, како водата кон брегот и како птиците кон небото, а кои, ете, скоро година дена ги нема видено; дома беше и огништето, кое најмногу го сакаше тогаш, кога надвор врнеше снег со големи партали или кога завиваше северњакот зад прозорецот, а во спузата се печеа костени и компири и во поллуосветлената одаја единствено се спушаше прскањето на искрите и тивкиот глас на дедо кој им раскажуваше приказни и тие, внучињата загледани во него, едно подруго заспиваа со убавите самовили и со лошите змејови под клепките.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)