птица (имн.) - го (зам.)

Една птица го опточува со својот уплашен здив потемнетиот раб на хоризонтот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сонцето качено на огнена колесница што ја влече зелена раскрилена птица го исмејува на заровите блескотот А тие од лутина трескотат трескотат по синорите на таблата. Ликува со трескотот раката на маестрото. *
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Гледа нагоре: наеженото птичиште го чепи клунот и гракнува: - Засрами се, момченце!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Железните птици го запараа небото.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Пеењето на птиците, чуруликањето на врапчињата, се претвори во волшебна утринска песна, песна со која птиците го поздравуваа раѓањето на новиот ден...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
За смртта на овие прекрасни птици го обвинував малиот “ловец“, воздушната пушка, но многу повеќе се лутев на родителот што на своето галено синче му ја купил таа бездушна играчка.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)