- Зошто? - Затоа што не беа измислени. Не беа направени. Тогаш само птиците летаа по небото.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Зарем птицата лета заради тоа други да ѝ се восхитуваат? Или лета заради себе?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не беа направени. Тогаш само птиците летаа по небото.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Првиот пролетен ден, слободни за неколку часа од интернатска суровост, тие го користат, фатени еден за друг со раце се кикотат вака, без некоја смисла, само за тоа дека им е добро а нешто во нив шири крилја, и сите лесни како птици летаат во просторот од вода, сонце и ситен влажен песок.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)