прст (имн.) - во (предл.)

Лага е, си велев лежејќи во креветот на грб, со рацете прсти во прсти под тилот, ако не е лага, тогаш зошто воопшто имал потреба да го каже тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Гнев, несовладлив гнев му ја обзеде душата: - Како тоа само со пет души! - му се внесе јаросно во лицето на сопственикот и му го попречи патот, готов да ги закопа своите суштерни прсти во неговите мазни, потни подгушници, да ги раскине на парчиња.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Елена, Елена“ шепотеше, забивајќи ги прстите во земјата, корнејќи ја тревата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се залепи цврсто со босите нозе за засекот, ги забуца прстите во пукнатината од карпата, го здрви телото и рече: - Скала сум! Качувај се!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Камените основи уште се држеа, се крепеа како стари коски, ѕидовите од керпич се одронуваа како красти од старечко лице, а момирокот се дробеше меѓу прстите во светликав прав.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајка му веќе седеше на празната маса, со сплетените прсти во скутот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А кога однадвор се слушна познатото свиркање, договорниот сигнал уште од времето кога низ два прста во устата се учеа да испуштаат звуци имитирајќи птици, Ване ја грабна раницата и пред да го допие чајот побрза да излезе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Жена му, уплашена од сенката на смртта што се надвиснала над нивната куќ а, се заштутка да вика помош, но не соумеваше да ги вдене прстите во бројчаникот на телефонот за да повика некој доктор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Професорите по струката беа повеќе од задоволни, освен што си дозволуваа творечка слобода онаму каде што не мораше да се придржува до ликовната дисциплина, додека професорите по теоретските предмети му прогледуваа низ прсти во кои тој не се пројавуваше ни со очекуван интерес ни со особена смисла.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Сега сум јас со бели фигури, - му го впери прстот во градите на Живко, а Живко се издиша како гума без ѕивана.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа ги зари своите нокти од прстите во дланката на неговата рака и ја крена, но раката ниту се оттргна ниту се затресе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Успеа да си го совлада нагонот да ја земе раката на Даниел во своите раце и да ги вклопи своите прсти во неговите, како што правеа во кината.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ги зари своите прсти во неговите раце во бесвесна надеж дека ќе го разбуди од здрвеноста, од која тој беше маѓепсан.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Митко го стави прстот в уста, помисли малку, потоа уште малку помисли и рече: - Волк и јагне!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Стој, рикна Кузман. Се наведна и ги збуца долгите прсти во меката земја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Човекот ги препелкаѓе танките нозе како да сака да ги отфрли тешките потковани чевли стискајќи ги врвовите на тапите прсти во белите дланки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа е многу повеќе меѓу оние апокрифни ракописи што нервозната рака со долгнавести прсти во плимите на потсвесното ги нанесува врз жолтите листови.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Елелица, плетелица, домазера, доказера, чиф, чиф, чигулки, мартин, дуптин, прескочи - ја пее броенката, па го вперува прстот во мене: - Сега, ти да ми раскажуваш!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Рацете одамна не се секси приоритетни се градите, пирсаните папоци, депилираното меѓуножје, евентуално прстот во уста. (сигурно користел хендс фри оној што се запрашал каков е звукот на плесокот со една рака)
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
За миг собра прсти во еден грст и, воздивнувајќи, тивко прозбори: - Многу куќи сум обновил и изградил...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Ова е казна,” рече, и ги згрчи прстите во тупаници, полека поткревајќи ги кон главата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Јас сум казнет со оваа стравична празнина,” рече, и, наведнувајќи ја главата, удри со челото во тупаниците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сè што чувствуваше тој, сета наталожена темнина во него, со сопствените прсти во светлина ја претвораше, ја редеше врз делото што го нарече Оној-што-се-пресоздава-себеси.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Така и сега го потпритисна перото меѓу прстите во исчекување, загледан во првите зборови што ги нашиша: ’Вие, Македонци, сте повикани да му припаднете нему, зашто вие сте му мили на Бога...’ Во студенилото на зимата околу него, срцето одеднаш му затрепери од споменот на една далечна топлина...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како малечок, додека мама ми сошиваше копчиња или ставаше некаква закрапа на панталоните навлечени на моите нозе, ме тераше да го држам прстот во устата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога Хусрев ја видел голата убавина (читај голата вистина), на Ширин му го ставил прстот во устата. И толку.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За прстот во устата, Орхан Памук во книгата „Се викам црвено“ ќе напише: „Колку многу мажи и жени, со прсти си ги затнуваа устите“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Држи го прстот во устата за да не ти го сошијам умот!“ ми велеше.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Прстот во устата на продавачката беше израз на чудење.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јас мислам дека прстот во устата се става колку да се зачува здравиот разум, односно да се спречи истекувањето на непристојните, неочекуваните, непријатните зборови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, најлошото не било да сретнеш туѓи прсти во твојот фишек за семки, туку ако го промашиш семкарот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Продавачката на книги остана со прстот во устата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сам и бесен, со згрчени прсти во густата топлина на утробата, барал што не споменал уште во своите пцости и споменувал одново, по еден друг ред, од небо и земја до ораница и куќа, и сѐ така во непрекинат круг.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се топев. Се обидував да мрдам со прстите во опинците, да дишам, да барам дамка на парчето дневна месечина, да си докажувам дека сум жив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпрвин свенале зелените пупки во очите на момчето со многу сонце и злато во косата, и потем, по последниот несвесен обид да ја стресе од својот грб олабавената младост, мустаќестиот човек со неверојатна и бездруго претсмртна сила ги закопал ченгелестите прсти во глекавоста на црвеницата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги забуцал прстите во мекиот хумус на шумските сенки со таква силина што дури почувствувал болка под ноктите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зад сето тоа се криеше големата сложеност на едноставноста, сиот тој ред на привидното спокојство да стане разбуричканост на споулавеноста - цветови сме што можат да пуштат отровни трња пред кои месото на животот не се повлекува туку им се нуди, им се остава да го параат, и јас веќе не знаев зошто го продолжуваме патот, иако Онисифор Проказник им рекол на неколцина дека ќе изгинеме и како мртви ќе ја победиме смртта зашто друг по нас ќе се бори: на бедниот со срце, господи, помогни му.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Полека, како да си починува пред да го завлече ножот помеѓу кожата и месото на животното, Онисифор Мечкојад запцул куќа и ораница, колепка и гроб, снаа и балдаза, земја и небо, додека и оној со факелот в раце отстапувал назадечки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но видливо истинувале, движењата до неразбирање им станувале бавни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ги ослободил школките на слухот, меѓутоа, и птиците биле безгласни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еднаш меѓу Змејковите прсти во конзервата се срони една шарена сува пиперка, која дотогаш стинееше на прозорецот, од неа запрже слузокожата во носот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- И ти да молчиш, зашто сигурно и ти се вмешала прсти во ова масло.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Арсо одеше по Глигор со закопани прсти во здолништето на неговото палто.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Не се уморив, сестри самовили, туку ми дојде на ум за вчера дека го поштев татка, со прстите во косата како што му буричкав, тики затоа и на шупелкава како да буричкам коса.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Заповедајте, сестри - им рекло момчето - да ве попоштам, за да видите како убаво ќе ве испоштам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
баму ја, седиме така во темницата и се плачеме, сакаме да го подзапреме времето, да се оддалечиме од смртта што нѐ чека, јас веќе си ја гледам мршата како ја раскопуваат дождови, како скапувам и се смалувам, се гледам пред себе си, така, како своја слика да држам в раце, само Силе Плевнеш грчи во ќошот, бичи некои глуждови трупци, ама времето кој го запрел досега, го запирале царови, кралови, тепачи, арамии, врачари и јаки луѓе и никој не останал со него и како што седам така, оп - се обзорува, некоја бесшумна светлинка ни влегува на прсти во собата и со светлината влегуваат и војници, оф мори мајко, ајде вика старшијата, Силе Плевнеш уште грчи и старшијата го клоцнува в слабина и овој рипнува, си ги брише слинките околу устата, сакате поп да ве исповеда, јас не сакам, вели Силе Плевнеш, и без поп господ ќе дознае за нас, знае тој дека на правина нѐ земате на душа и после нѐ поредуваат во дворот пред затворот, а Стеван Докуз пак приплакува, ги покрива очите, што ќе му правиш: тој ти е другар во несреќата, „пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш“ велеше Лазор Ночески, а војниците чекаат со пушки пред нас и ете го дојде тој, офицерот, се тетерави 121
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Деница од под фотографиите на девојките, а тие беа седум (ги изброја внимателно, редејќи ги една врз друга, додека Илона полека, како едвај чуен одглас на развлеченото Д-е-н-и-ц-а-п-и-ц-а, си ја прибра раката од нејзините стегнати бутови) извлече една фотографија на маж, за двете добро познат лик: тмурест, тркалобразен мустаклија, Грк со мароканско потекло по име Ниротакис, на што Илона ги собра прстите во тупаница и ја накрена подлактицата нагоре, извикувајќи: „Ооо…, охо, хо… нааа…“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нејзиниот поглед имаше продолжено траење и тоа само во дел од мигот по кој се враќаше назад со нешто одземено од мене како зрнце песок (скриена или заталкана мисла, спомен, копнеж, што ли?), а времето беше прекратко за тоа задоволство бидејќи веднаш потоа повторно го чувствував тој допир на погледот според ритамот на отворањето и затворањето на нејзините клепки (сфатив кога веќе станавме едно, дека таа знаеше да ме гледа и со затворени очи и ми велеше дека ме гледа не како што ме сака, туку ме гледа таков каков што сум, и дека таа таков ме сака) и сè така во продолжено траење, а јас бев сигурен дека ваквиот поглед беше упатен само кон мене и дека само за мене тој можеше да биде таков со нијанси на галовност во допирот кој во тој момент беше физички, или така ми се чинеше, кога веднаш потоа или можеби во тој ист миг ќе ја почувствував мекоста на нејзините ситни прсти во таинствена игра на моите слепоочници.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој остана со поткрената рака, со собрани прсти во лабава тупаница.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
— И ја заврте главата и прстот во знак на фалба оти ќе и каже на Рожденката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Mope, ами шо а боде, песјачката песја, зар седнала да си и дупне прстите во ниј или пак да чкрипне некој и друг пат!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Коњак“, побара и остана неподвижен, со забуцани прсти во косата, загледан во дамките на нечистиот чаршав.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Море, да не е шофер на другарите, на што ќе те барав, - рече налутено и со дланката се удри по внатрешниот дел на лактот така што раката одеднаш му се подигна и кога се најде до носот, Кузе ги стегна прстите во тупаница.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И ете, јас, како што гледаш, со добро ти велам дека те бара, а зошто, изгледа само тој знае.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Расцепена е! Ѝ бутам еден голем прст во око...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Малечко поточе крв му тече од под главата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И одлично е!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пробуваме првин по малку од сè... и после се решаваме, пипкаме, боцкаме, голтаме... брцаме со прсти во купот... работата е да се почне...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Стариот е сѐ уште во несвест... Струполен...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Магвампот оди околу него, му го набива прстот во газот и му ги милува полните органи со иронични движења.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Одненадеж Магвампот го бутка момчето напред, во празниот простор, и го ослободува од својот кур.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со инаетлива амбивалентност се обидувам да ги совладам сомнежите дека судбината не ги вмешала своите прсти во моите избори и одлуки и не би се случило она што се случи ако јас самата со целата присебност и свесност во моментите на рационалност го издлабував коритото по која тече реката на мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ја оставивме Маци да си го дојаде ручекот, а јас како добра снаа сфатив дека ќе бидам таа што ќе треба да ја раскрева масата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ги закопав прстите во крилцето и почнав да буричкам внатре.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Зло: принцеза (прст во носот!), сета грда, сета грда, со предолги уши мрда, пред мрсулав принц и клепкав таа везден ноздри чепка.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Удира нога од нога, размрдува прсти во скинатите цокули.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога малку попораснав научив да ги вовлекувам прстите во џебовите од палтата на татко ми и дедо ми и скришно да си земам по некое париче.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Откако го вапца и го исуши, со црвен конец платното го опточи од сите страни колку два дебели прсти во ширина.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Шишман само очите ги крена кон него и го смири прстот во дупката пред него.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Си мислам ќе ми пропадне прстот во главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ќе се фатам пак така во некој блудничав сон: ми ја префрлил раката преку рамено, ми ги пикнал прстите во косата и едно за друго ме љуби.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)