Во зглобовите на прстите се сплеткаа околу здробеноста тешки јазли.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Бараш утеха во подвижните прегратки, ш’шкавите симулации, брановидните форми, кадите и леѓените. перничињата на прстите се набираат, твоите се лутат, сонцето пече, но ти тврдоглаво го протнуваш телото низ гумениот обрач, и се фрлаш во базенот, ја потврдуваш акватската теорија: кожата ти е мазна ко на делфин, под кожата имаш сало и си се родил обвиткан во Vernix caseosa, поблиски ти се морските цицачи отколку некаков влакнест, копнен мајмун.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Ако си ја облечеш ракавицата и си ја погледнеш раката, ќе видиш компјутерски генерирана рака, чиишто прсти се движат ако ти ги движиш твоите.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
БАБА АНЧА: Народ, како народ... Ни сите прсти се еднакво долги, ни оти сиот народ е едкакво умен.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Обесвестениот полека си дојде на себеси; нозете му се смирија, згрчените прсти се исправија.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Кога од некое мртво дрво писнал був, од водата на мочуриштето излегле жаби со рокчиња и ги облазиле злодеите, па наутро, под сонце, имале што да видат: од носот до ножните прсти се посипале со красти.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Патувале со три натоварени маски и кога ги стемнило, легнале да преспијат на раб од мочуриште. Таму ги стасала клетвата на девојките.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Колку пати ти имам речено дека прстите се одвишни кога е во прашање срцето!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
5. При самрак прстите се поткреваат
ко крв на полна месечина
во дослух со мракот играат
вешто ко срамниче-трепетлика
ко око, нерв, ко звучен бран
стрепам стрпливо
на Марсовиот брег - црвен белег
си ја менуваат ли боите симболиката
предметите бојата
луѓето - предметите?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Угреа само в соне, во една замаглена злата, Кога догоруваше и времето и кога и земјата на прсти се дигна скрбно пеејќи врз нашата пепел клета: - За многаја лета, за многаја лета.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)