прскање (имн.) - на (предл.)

Само да се понудат модели на дискурси, да се прекогнираат правците на прскањето на стаклото на нашите лаги?!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Битно е да се посочи дека во периодот пред настанување на работниот спор не беа набавени и користени заштитни очила, што може да се оцени како голем 209 пропуст – имајќи го предвид карактерот на работата што ја работи Ф.И. и постојаното прскање на емајл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Заштитната облека што ја користат ја добиваат еднаш на неколку години, па обично е истрошена и стара.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Или дека водата „Пелистерка“ од 250 гр. за прскање на постелата е, за да ви тргне и малку е скапа, дека од Израел ја носиш, или уште од подалеку, ама гарантира дека од мртов коњ ќе го направи „пастув“ и дека ќе мораш полиција да викаш за да го симнат од тебе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во земјанката молк. Сал прскање на искри се слуша и дишење долго што распарува гради.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Барите на улиците вриеја од мал потоп, од густо збиени клобуци и прскање на водени трпки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И во тишината - надвладува молкот, стежнатите воздишки, прскањето на искрите во огништето, а во нивните глави - цутат мисли и се ројат мали радости, што секој ги има и љубоморно длабоко ги чува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дома за Циљка пред сѐ беа баба и дедо и помалите сестрички и братчето, кон кои беше така приврзана, како водата кон брегот и како птиците кон небото, а кои, ете, скоро година дена ги нема видено; дома беше и огништето, кое најмногу го сакаше тогаш, кога надвор врнеше снег со големи партали или кога завиваше северњакот зад прозорецот, а во спузата се печеа костени и компири и во поллуосветлената одаја единствено се спушаше прскањето на искрите и тивкиот глас на дедо кој им раскажуваше приказни и тие, внучињата загледани во него, едно подруго заспиваа со убавите самовили и со лошите змејови под клепките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)