проѕирност (имн.) - на (предл.)

И во сматената свест буквите на Викторија се виткаа и тонеа во темната проѕирност на водата и морничавите усни, задушени од Анините гради, издивнуваат кратко, со призвук на каење и виновност. - Ана, Ана!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Низ проѕирноста на водата (многупрста, волна) наслушнувам имиња, знакови, дождови, ѕвон.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Култ на беспризорноста, типично американски: тотална расположливост, проѕирност на сите функции во просторот, кој пак останува неодгатлив во своето ширење и кој може да биде совладан исклучиво од брзината.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Препуштајќи му ја на некој знак или настан грижата за вашиот живот, вие од него суптилно ја поткраднувате формата. Извадок од есејот Менување на волјите, од книгата Проѕирноста на злото (La Transparence du Mal, Jean Baudrillard, 1990.) 8 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нашето хоризонтално лудило, она на генетската конфузија, на измешаните прописи и мрежи, на биолошките и молекуларните аномалии, она на автизмот - спротивно на некогашното „вертикално“ лудило, психичко лудило, трансцедентално лудило на шизофреничарот, она на отуѓеноста, на немилосрдната проѕирност на алтеритетот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)