прошетка (имн.) - на (предл.)

За прошетките на Буле и Андриќ пишува Мирко Ковач во своите „Антимемоари“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сиво ноемвриско утро. Излегувам на утринска прошетка на St. Marks Place.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Спроти недела на моите колена кога ноќева Нејзините ѓерданчиња од црни и жолти пеги на вратот - Како љубопис спроти жетва што го пишувале пеперутки Нејзиниот глас – потих од нејзината сенка во зорите, Нејзиниот од – потаинствен од прошетката на светлината Низ земните длабочини до плодовите Дури ножева таа На моите колена Незнаен ковач жар на дланката ми носи Да запалам цигара.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
По прошетката на топлиот ветар преку ноќта ни снегот останал, ни трагите во него. Затоа и ми е тажно за синот, за Иван.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби многу разговори ќе слушне но вистинската приказна, онаа најпосакуваната, за татко му, веројатно ќе го одмине.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Минувавме крај претседателската палата, по авенијата која пред една година, додека владееше стариот Бургиба, беше блокирана поради утринските прошетки на стариот владетел, кој требаше да влее оптимизам и надеж на нацијата!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Постарата ќерка Блерина беше подготвена за да ја оставиме со Бешир во блиската француска гимназија Карно во Ла Мараса, во која некогаш матурирал Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По сентименталната прошетка на снег со љубената, Њ смртно настина.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Не само што го познавам туку и го чувствувам јазикот на мимиката; ги толкувам значењата на движењата на рацете; можам да одгатнам и понешто од прошетките на насмевката по ридовите и по долините на лицето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Веројатно тоа беше прошетка на душата до мравињакот и назад", рекол пријателот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)