По дознавањето дека е утужен, работодавачот реагира различно спрема конкретни поранешни вработени, обидувајќи се да ги компромитира и да внесе неслога меѓу нив – па така, на некои од нив им понудува да ги врати на работа, а тие за возврат да ги повлечат тужбите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во судскиот процес пред Основниот суд – Скопје II, Љ. Н. беше застапуван од полномошник- адвокат3 (Д. Аргакиев), а пак за тужениот работодавач на подготвителното рочиште4 – кое, за среќа, беше и единствено, а се одржа во септември 2010 – се јави неговиот правник (Р. Николовска).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тие, немајќи потребно правно знаење, а и како поевтина варијанта, заеднички се обраќаат до адвокат (А. Мандак) – кој тогаш, пак како попрактично решение им изготвува индивидуални тужби и потоа, поединечно, ги застапува при преземањето на сите правни дејствија – сѐ до завршувањето на спорот, за што си наплаќа 10% од вредноста на целиот спор, плус адвокатски трошоци согласно Адвокатската тарифа (1993)8 – коишто во нејзиниот конкретен спор изнесуваат вкупно 4.760 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Директорот – откако дозна дека ќе биде тужен – го викна оштетениот работник, заедно со уште десетина други работници, и им одржа сочно заканувачко обраќање во кое им рече дека тие не се лојални на фабриката, но сепак, заради неговата „добродушност“, тој нема да ги избрка од работа, а нив ни случајно да не им текне преку извршител да ги бараат евентуално досудените пари што им ги должи претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
9 Целиот процес пред Основниот суд Велес траеше половина година, а воопшто не беше потребно судијата (Ј. Лазаров) да носи првостепена пресуда – бидејќи странките, кон крајот на 2009-та, се договорија спорот да го окончаат на тој начин што тужениот работодавач доброволно ќе и ги исплати неисплатените испратнини за кои е тужен [во висина од 9.185 МКД / околу 150 ЕУР] – сосе парничните трошоци на постапката, без камата, а за возврат тужителката да ја повлече тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)