процес (имн.) - кој (зам.)

Количински променливото меливо што го уфрлуваме во водениците на скалите на проценки и статистички проверки, е израз на нашето прередување на стварноста, а не на процесите кои во стварноста се случуваат.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Формирањето на македонската држава бил долготраен процес кој почнал во VII век пне.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Придавката „хаотичен“ во употреба влегува дури на преминот од 17-иот во 18-иот век и долго е употребувана за одредување појави и процеси кои што не се во битна врска со бивствувачкото, барем не со она бивство со кое сметаа природните и општественонаучни (историски) онтолошки замисли.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во себе си мислеше: уште некој процес кој би бил вон од аршинот на правдата, па со него ќе биде готово! Не ќе може повеќе да издржи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој не престануваше да стравува од некој нов подметнат процес кој, конечно, ќе го фрлеше на некоја емигрантска галија, кон далечната туѓина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Би било преопширно да се навлегува во значењето на алхемијата, во бесконечниот процес кој, претворајќи го (симболично) неблагородниот материјал во злато, ја постигнува светлината и соединувањето со помош на темнината и расчленувањето - тој процес асоцира на урамнотежување на нескладноста внатре во идеалот на длабокото соединување на спротивностите (митскиот мотив на андрогинот), но, исто така го предвидува цикличното и дијалектичкото повторно добивање на контрастот, во една непрекината трансформација, чијашто точка на исчезнување, перманентно оддалечувајќи се, е Утопија (златото, каменот на мудроста).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Експлицитно се забранува отпуштање на работници при пренесувањето на трговското друштво или негов дел, освен отпуштањата од економски, технолошки или организациони причини коишто налагаат кадровски промени (чл. 68г, ЗРО/05 – Пречистен текст); ѓ) се воведе обврска за информирање и консултирање, како процес кој означува пренос на податоци, односно размена на мислења и воспоставување дијалог меѓу од работодавачот и претставниците на работниците.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Стануваше мигум дел од големата ментална направа за измачување, насочена кон посочената жртва, во големиот жртвен процес кој беше зазел во земјата синдромски димензии и од кој не можеше никако да се ослободи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Со приопштувањето на делата на Стојан Христов кон македонскиот литературен јазик и македонската литература се отвара значаен процес кој ќе ни ги врати значајните опуси на Анѓелко Крстиќ, Крстју Белев, Самуил Стрезов и уште други и други автори од македонско потекло и со силно појдовна македонска тема...
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа всушност може да се разгледува како процес кој се случува во време, со кој она што некогаш било предмет на несогласување станува официјална политика, либералните идеи се претвараат во нови облици на конформизам и непокорните елементи се хомогенизираат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако сакаме да го сфатиме односот на хипстерската стрејт-култура кон Џоан Крафорд и кон нејзината оскаровска улога, многу повеќе ќе научиме ако го разгледаме музичкиот спот на Дејв Марки од 1990 година за песната „Милдред Пирс“ од Соник јут отколку ако се задлабочиме во стиховите од песната на групата од албумот Гу.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вреди да се постави тоа прашање, зашто хипстерската стрејт-иронија денес е веројатно доминантниот начин за откинување и присвојување делчиња од главнотековната култура и за нивно преобликување во средства за културно дисидентство, преку процес кој ѝ е аналоген на машката геј-културна практика што ја разгледувавме досега.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
ААААААААААААААААААААААААХ!!!!!!!!!!!405 Што прави Милдред Пирс за Соник јут?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
МИЛДРЕД ПИРС!!!!!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да заклучам, така дефинираниот женски феминистички субјект е еден од факторите во процесот кој не може и не смее да биде вклопен во една линеарна, телеолошка форма на субјективитет: тој е попрво место каде што се сечат субјективната желба и намерната општествена трансформација.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во согласност со ова, преведувањето престанува да се гледа само како операција што се извршува помеѓу два одделни јазика, наместо тоа, се согледува како процес кој постојано се извршува исто така и во рамките на самите јазици.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Неговиот технички придонес во ликовните уметности лежи во легитимирањето на комерцијалната техника свилено сито, процес кој е една автентичната „новина“ во историјата на сликањето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На сличен начин, преведувањето може да се посматра како еден оживувачки оператор на diffѐrance, како еден нужен процес кој го искривува изворното значење додека истовремено открива една мрежа од текстови кои и ја овозможуват и ја спречуваат меѓујазичната комуникација.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таа делумно ги репродуцира постојните нееднаквости, но истовремено е резултат на динамика специфична за моменталната форма на економски растеж: „Глобалните градови акумулираат огромна концентрација на економска моќ, додека градовите кои некогаш биле главни производни центри трпат прекумерно опаѓање; центрите на 48 градовите и деловните центри во метрополските области добиваат огромни инвестиции во недвижности и телекомуникации додека урбаните и метрополски области со ниски приходи гладуваат за ресурси; високообразованите работници во корпоративниот сектор се сведоци на зголемување на својот приход до необично високо ниво, додека ниско или средно квалификуваните работници се сведоци на тонењето на своите приходи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Финансиските услуги произведуваат суперпрофит, додека индустриските услуги едвај опстојуваат“.64 Околу овие градови лежат широки територии кои стануваат сè попериферни и исклучени од главните економски процеси кои се движечката сила на економскиот раст во новата глобална економија.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Коен ја дефинира глобализацијата како „множество од економски, културни и технолошки процеси кои го намалуваат значењето на територијалните граници во обликувањето на условите на живот на поединците и општествата“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сепак, барем во еден значаен аспект нашиот современ концепт за јавниот простор е значително различен од оној на античките polis и agora.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
На тој начин, границата е општествен и политички процес кој ги одразува односите на моќ присутни во одредени региони и историски периоди.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Производите за кои вие сте одговорни и компанијата на која ~ служите станаа денационализирани“, вели деловниот стратег Кеничи Омае во својата книга „The Borderless World: Power and Strategy in the Interlinked Economy“, (New York: HarperBusiness: 1999). 49
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Имено, денешните теоретски согледувања за јавниот простор обично го дефинираат во опозиција на приватниот простор, и како таков тој е историски производ на развојот на модерното капиталистичко општество (промените во индустрискиот процес кои довеле до трансфигурација на односите помеѓу „домот“ и 71 „работата“)79.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Овде и едниот и другиот ја воспоставиле истата разлика меѓу судот, и мисловниот процес кој управува со делото и има универзална вредност, и делото, конкретната реализација, занаетчиското изведување, кое спаѓа во посебен домен.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Согласно со Rychlack, „размислувачки” укажува на процес каде „нешто што е земено внатре, или ‘inputќ индиректно игра улога во процесот кој не е иницијално дел од овој процес”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Да беше делењето процес кој единствено може да се појави во биолошки мозок (т.е. не може да се направи причинско раздвојување) тогаш не би постоела надеж за градење на машини кои вршат делење.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Според Rychlack (1991, стр. 28-29), „Kant предикатно докажува дека идеите се концептуализирачки или „конструктивни” процеси кои даваат смисла на неструктурираниот сетилен шум кој се добива од искуството”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)