Во својот живот таа мораше да се соочи со сите противречности на балканската историја, од верска, од етничка, од јазична, од традициска, но и од секаква друга природа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Бевме блиски, како што беа тие блиски и со многумина други дипломати.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Најчесто дипломатите во малата земја во која служат стануваат еден вид мало семејство, без оглед на геостратегиските противречности на различните земји во мисиите на многумина од нив.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)