просторија (имн.) - од (предл.)

На сличен начин, во следната просторија од изложбата, познатото „Велосипедско тркало“ (1913 ) на Дишан, кое како и „Полицата за шишиња“ исчезна по кратко време од своето настанување, беше претставено со реплика на Линде, направена во 1961 год.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Оригиналната верзија на „полицата“ е загубена или размонтирана кратко време по нејзиното создавање во 1945 год.; на изложбата беше презентирана со една копија која Линде ја направи за Moderna Muset.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сите ѕидови на просторијата од душемето до таванот беа во регали со книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Целата се шаренеев по просторијата од ламбадестото здолниште, кое не суптилно ме оцртуваше во задниот дел, и топло портокаловата тесна маичка која ги истакнуваше голите црни раменици под мојата коса.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Згора на тоа сум во некоја просторија од која не смеам да излезам од страв од оние грди луѓе кои пред вратата ме чекаат да ме тепаат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А светлината, што ги усвити металните венчиња во електричните ламби, нанижани по таванот над целата просторија беше како некој мек, животен флуид, што ја одделуваше само таа просторија од сиот оној празноок, изгубен свет на сета дивина околу пиланата, позлатувајќи ја, благородена и одбрана меѓу сиот тој див простор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)