Големото оро, она што доаѓа само од себе, она што не го создаваат мислите, ами проникнува од конците на желбите, и не само човекови, она што времето и просторот ги фрла многу далеку, тоа оро не е како обичното машинско тркало што се врти само околу својата оска.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Секој одделно во модар простор ги населува сите свои ѕвезди и чека на она време кога на гранките место пупки ќе расцутат - птици.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)