пронаоѓање (имн.) - на (предл.)

Пронаоѓањето на печатницата, меѓутоа, го олесни манипулирањето со јавното мислење, а филмот и радиото уште повеќе го унапредија тој процес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пронаоѓањето на љубовта наспроти фактот дека, токму овде и токму сега кога злото ги покжа сите свои заби...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Старосемитскиот систем на писмо е далеку поекономичен во споредба со спомнатите системи и дозволува со релативно мал број на графички симболи, кој приближно е соодветен со бројот на консонантните фонеми на старосемитскиот јазик, адекватно да се изрази фонетската слика на јазикот по графички пат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Затоа е разбирливо значењето на пронаоѓањето на консонантно-силабичкиот систем на писмо, со што започнува нова етапа во развитокот на писмото и се подготвува почвата за формирање на квалитативно нов систем на писмо, алфабетот. 88 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Колумбо, од друга страна, бил мошне неуспешен управувач со откриените колонии.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Според Енциклопедијата Колумбија: „Историчарите со векови расправаа за неговата вештина на морепловец, но неодамна беше докажано дека Колумбо бил ненадминат во вештината на приближно одредување на положбата на бродот на картата и во пронаоѓањето на патишта низ непознатите мориња”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пронаоѓањето на една таква метода би била рамна на научно откритие што човек сепак не би можел да го патентира.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Пред отприлика три илјади и пет стотини години (т.е. неодамна) е направен голем исчекор: тоа е пронаоѓањето на алфабетот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Пронаоѓањето на алфабетот било решавачко скршнување по патот по кој човекот станал човек.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)