4. Инаку, во нашиот Кривичен законик (1996) постои и кривичното дело „Злоупотреба на овластување во стопанството“ кое спаѓа во групата на казнени дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Основната правна последица од институтот застарување (лат. praescriptio longi temporis) е тоа што доверителот повеќе на може да бара присилно исполнување на обврската (чл. 349, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. За разлика од укинувањето (дејство ex nunc – „отсега“ за во иднина) кај поништувањето на одреден правен акт (ex tunc – „оттогаш“ 52 т.е. наназад) се создава впечаток дека овој поништен акт воопшто не ни постоел во правниот промет и сообраќај и, ретроактивно, се ништат сите правни последици кои настанале од неговото дејство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А без оглед на законските рокови од ЗРО кои се пропишани за поднесување тужба при добивање отказ [„непарично побару- вање“] – работникот може своите парични побарувања од работ- ниот однос да ги остварува непосредно пред надлежниот суд, без да мора за тоа прво писмено да се обраќа до работодавачот (в. и чл. 181, ст.5 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судот закажува рочиште на коешто на записник ја констатира склучената спогодба која добива својство на судско порамнување – ако се исполнети условите за склучување на судско порамнување согласно овој закон (чл. 308, ст.4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)