производ (имн.) - кој (зам.)

Изумреле повеќе занаети во чаршијата, како абаџискиот, наланџискиот, терзискиот, срмаџискиот и други, но опстанале шапкарскиот, пегларскиот, кројачкиот, кујунџискиот, златарскиот, јорганџискиот, часовничарскиот и други...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова намалување е направено во моменти кога фабриката не покажува никакви загуби, дури напротив, остварува големи профити на пазарот на жолт шеќер – производ кој на светските берзи, по правило, е високо доходовен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред 2003-та, Ѓорѓиевски имаше месечни примања од околу 15.000 МКД, а откако бугарски „Литекс“ станува нов доминантен сопственик на фабриката, неговите месечни примања, од необјаснети причини, се намалени на околу 12.000 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Меѓутоа, се одвиваа во неколку европски градови каде масовно се хистеризираше поради нискиот просек на платата во однос на цените на производите кои беа исти како и во земјава.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Омраза и огромно разочарување беше производот кој го добив на крајот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Со текот на времето, особено кон крајот на XIX век, занаетчиството започнува да стагнира поради индустриските производи кои се нуделе по поволни цени и асортиман.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како заклучок од напишаново може да се изведе дека скопските шмизли не се ништо друго освен само еден нус производ кој произлегува од трулиот систем.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)