прозорче (имн.) - на (предл.)

Истрча целото село да го пречека: напред одеа музикантите, свиреа со труби и тропаа на барабанчиња: нивната бучава го заглушуваше просторот; по нив, качен на коњ, одеше Лоте, облечен во алишта на витез; луѓето плескаа, го поздравуваа, а Лоте им мавташе со раката и им отпоздравуваше како да оди или се враќа од поход; зад него одеа циркуските коли ишарани со дречливи бои и креваа прав, тропајќи по нерамниот пат и влечејќи се бавно по преморените коњчиња што ги влечеа; од прозорчињата на колите ѕиркаа циркузантите со ишарани лица; по нив одеа кафезите со животни кои ѕиркаа низ решетките и ги подаваа муцките кон децата што трчаа по нив и врескаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Напати, без зборови и со внимателни чекори тие ќе се прикрадеа покрај куќарката и низ прозорчето на приемната внимателно следеа како му врви работата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Перса знае дека црната мома има светлина во срцето и таа светлина продира низ прозорчињата на душата - очите! Во нив стигнува како блесната скрама.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Знаеш што е давија? - Не знам, баба Цвето. - Тужба.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Металната врата наполно се затвора, но тој, низ прозорчето на скафандерот, може да го види, малку затемнето, твоето загрижено убаво лице.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)