На секоја кривина нешто отпаѓа од колата, а кога и рачката од прозорецот ќе му остане во рака, негативецот револтирано вреска: „Да ги ебам странскиве коли!“
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Значи, воопшто не е лоша идеја, ако имате производ кому му е потребна промоција, малку да се свртите околу себе и да се распрашате дали моментно нешто се снима.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Еден од лошите типови, во потера по главниот јунак, граба едно Југо (!) на улица и со еден заглушувачки звук јури низ улиците.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За неколку секунди прозорецот ќе го облее светлост, Мануш ќе биде овде, свирепо стуткан од ноќта.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Најмногу стравот ги опфаќаше во дождливо време кога преку ноќта ќе започнеа да татнат грмотевиците, кога прозорците ќе се тресеа и светлини ќе блескаа причинувајќи им се дека фронтот е отпочнат; иако гледаа дека се тоа грмотевици, срцето им се собираше како на пиле; едвај чекаа да се зазори, да се развидели за да можат да гледаат и да следат што се случува по положаите.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
По многу време, учејќи дека уните не се надеваат, осознавајќи дека позанимлив станува разговорот порекинат од ветрот – почиста станува и мислата: никогаш нема да се возобнови ништо што не било меѓу нас: заборавот ќе нè заобиколи, прозорците ќе се затворат сами, а ти, скриена во некој збор, одново ќе се покажеш зашто јас не те измислувам – јас тебе те откривам: ведро ѕвездена вода за еден жеден човек до век!
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Во прозорецот ќе удри првиот црвен зрак, некако в косо.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Дали јас не сум жена? Дали во градиве камен носам?
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Еве, гледај, тука на прозорецот ќе го видиш, кога ќе дојде!... (Стоејќи над детето и галејќи го по главата).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Слобода е кога на улиците ќе се исфрлат и истресат сите сандаци од мемливите тавани, сите постели со влажен памук, кога ќе се истребат сите лебарки, подрумски стаорци и маларични комарци, кога сите куќи ќе се бојадисаат во бело, сите прозорци ќе се отворат, сите алишта ќе се извријат и исперат во изворска вода и ќе се остават на пролетно сонце да се сушат.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Така, уште во раните зори кога во прозорецот ќе го видеа бледото обденување, тие не скокаа од постела како порано.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во двор ќе излезеш – пусто, од балконче или прозорец ќе погледнеш – пусто, на чешма ќе одиш – се е пусто, се е празно.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сакам да гледам како врне ама ако ги кренам ролетните, прозорецот ќе ми се испрска со ситните капки.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Завива некоја полициска сирена, одмина.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сепак, нема да ги кренам, ќе издржам затоа што прозорецот ќе ми се извалка.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
И онака ми рече дека ќе дојде за 45 минути.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кога непријателот навлезе наваму, жандармите ја напуштија куќата и се сневидоа некаде, а луѓето што сметаа дека од вратите и прозорците ќе имаат некаква полза - им ги удрија копачите и скепарите, па ги исподигаа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Напати, баш како и сега, низ Улицата на стариот цвеќар во Истанбул, удолу, кон морето, се спушта задумана тага а од зад некој прозорец ќе пролета и нежен звук на виолина.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)