Кога се правевме дека таа се загледала низ прозорецот надвор, а јас преку главите на патиниците на задниот крај на автобусот додека јас ѝ го подместував и таа му се подместуваше со помошта на движењата што ни ги овозможуваше клацкањето и нерамномерното одење и подзастанување на автобусот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Скокнува, се разбудува уплашен и гледа збунето во татка си кој го успокојува и му ја брише потта од челото; гледа во автобусот, во подот што потскокнува, во луѓето кои молчат замислено, или дремат, во тилот од шоферот кој исфрла чад од цигарата што ја пуши, во прашината која влегува низ цеповите кога автобусот посилно ќе заграби по патот; гледа повторно низ прозорецот надвор и збунетоста сè уште му трае.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Вѕирајќи се низ прозорците надвор, следејќи ги промените во природата, гаснењето и обновувањето, на Мил мислите му шетаат многу назад во времето пред неколку милијарди години кога земјата била пуста безживотна планета: ги гледа во мислите вулканите кои исфрлуваат лава на сите страни распрскувајќи ја како огномет, како некое славје, како некоја радост што таа вжарена магма започнува да ја создава првата жива клетка, првата жива материја на земјата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)