Така, во 20,00, со палец обвиткан со „Ханзапласт“, додека на осветлените прозорци ги гледав комшиите збиени пред ТВ вестите, се упатив кон „Шангај“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Од терасата на ресторанот, Јана со чашата во рака низ прозорецот ги набљудуваше ликовите на Ѓорѓе и Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Затоа таа прозорците ги имаше облепено со ѕвезди направени од станиол како и месечина за да ѝ светкаат ноќе, да има илузија дека го гледа небото и да може подобро да заспива и да сонува.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Преку ден прозорците ги облепуваше со сонце за да внесе ведрина и расположение во собата.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога паркираше пред куќата низ прозорецот ги здогледа мажот и син ѝ.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
И небото дојде на Земјата, а прозорците ги засенија ѕвездите.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Испуканите ѕидови и земјениот под на напуштената крчма ќе беа дел на затвор од старовремски прикаски за некој дрпниќесе или востаник ако празните прозорци ги замрежуваше железо.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Прозорците ги затворија да не влезе некоја мачка.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Место кревет ми служат два сандука. Струја нема. Прозорците ги затнавме.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Вратите и рамките на прозорците ги боеја со азурно сина боја, според андалузиската традиција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Две момчиња го варосуваа белото лице на осаменото кафеанче.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога се врати во станот, не отиде право кај Сандра, туку низ прозорец ги набљудуваше нејзините како си одат со свечен чекор кон црквата во далечината.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Стојам пред тебе а куќата се урива како да е градена од нашите рани Стојам пред тебе катовите паѓаат еден преку друг а гласовите меѓу нас И не сетив кога Прозорецот ги фрли врз мојата глава искршените парчиња на твоето лице.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
„Така, сите прозорци ги отворивме за да ја почувствувате планината!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)