прозорец (имн.) - гледа (гл.)

Таа не ја врти главата, не ги упатува очите на лево, оди само напред, полека, полека, не ја ни чувствува тежината на ќеркичката, ама во нејзината глава се сместува последната куќичка, онаа што со пар прозорци гледа на долната улица, а само со еден на оваа по која сега чекорат.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Голем прозорец гледа кон улицата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Глигор е затворен во тесна соба. Прозорецот гледа кон морето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И ете, наспроти сите божји нешта, Сега луѓето застанати на прозорец гледаат и се крстат: Точно во таа доба и од страна зад која исчезна таа Квечерина, заедно со ѕвездите - изгрева и сонцето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Низ еден од долгнавестите прозорци гледам како сонцето, утрено или предвечерно - не знам, е преполовено од срт на многупреслапна планина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А кога ќе се разбудев, на прозорецот гледав само обични сенки од фикус разиграни од слабо ветре.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)