проект (имн.) - на (предл.)

9 Заклучоците до кои се дојде се фрапантни и само ја потврдија првичната хипотеза дека, во т.н. транзиција, всушност систематски е спроведуван проектот на работничка гилотина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Она што јас би го предложил е да постапиме како извесната Окереке Онике, претседателка на организацијата „Африканците за Обама“, па да собереме, иако населението кај нас не живее којзнае колку подобро од она во Нигерија, пари и да ги донираме во проектот на американските и англиските научници - произведување на невидлив плашт.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Да живее Лејди Гага беше новиот проект на Отворениот шупак.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
За Татко проучувањето на лавиринтите доби посебно значење кога тој беше опседнат од својот проект на животот да ја напише за идните поколенија Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќосиќевиот наративен модел речиси провинцијално им се опира на естетичките принуди на софистицираните литерарни техники.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како воопшто некој може да има авторска претензија на “nouveau roman” а да не завладеал со новата “логика на симболи” која стои во темелот на веќе реализираниот проект на европската литературна модерна. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 91
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не сме повеќе субјекти на некој даден објективен свет, туку проекти на алтернативни светови.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Константин З имено, во овој миг работи на еден голем и изискуван проект на новата влада, имено на „конечното решение” што е циничен германски еуфемизам за истребувањето на Евреите од просторот на штотуку ослободените Нови предели.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сите беа внесени во големиот проект на нивниот учител да ја состават единствената колекција на езерските реликвии, на живите фосили, која како да беше осудена еден ден да исчезне од Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)